МисијаУчеснициТематски областиВажни датумиКотизацијаКонтакт
9-та меѓународна научна конференција

Меѓународна научна конференција БАС 2026

Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност

4–5 јуни 2026 · Битола, Р. С. Македонија
Пријави трудПреземи повик
Меѓународна научна конференција БАС 2026

Мисија на конференцијата

Мисијата на конференцијата е размена на нови идеи и пристапи кон менаџерските предизвици поврзани со обезбедување организациска виталност во динамична средина, преку презентирање на резултати од современи научни истражувања во организациските науки, менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието.

Учесници на конференцијата

  • Наставно-научни работници од областа на организациските науки, бизнис менаџмент, економија, финанси и маркетинг
  • Наставно-научни работници од сродни области на општествените и хуманистичките науки
  • Истакнати практичари од областа на организациските науки и менаџментот
  • Студенти на втор и трет циклус студии
  • Наставници од образовни институции

Тематски области

Холистички и методолошки пристап кон организациската виталност
  • Организациска виталност и сродни концепти (одржливост, конкурентност итн.)
  • Системско размислување како предуслов за виталност
  • Клучни интересенти – академска и консултантска заедница и менаџери на сите нивоа
  • Професионална и менаџерска сукцесија
Односот на организацијата со динамиката на промените
  • Долгорочна стратегиска ориентација
  • Клиентска ориентација и општествена одговорност
  • Финансиска стабилност и организациска резилиентност
  • Стратегиски маркетинг во контекст на промените
Развивање и одржување на организациските капацитети
  • Водствена визија и развој на луѓето
  • Оптимизација на процесите за ефикасност и агилност
  • Дигитализација и вештачка интелигенција како поттикнувачи
Справување со организацискиот имун систем во обезбедување виталност
  • Појава и природа на организацискиот имун систем
  • Дигитализација и ВИ во однос на организацискиот имун систем
  • Имуниот систем како ограничувачки фактор и консултантски предизвик

Важни датуми

Пријава за учество на конференцијата и доставување на апстракт

до 20 април 2026 година

Плаќање на котизацијата

до 25 април 2026 година

Доставување на целосниот труд

до 30 јуни 2026 година

Збирка апстракти

Котизација

Учество со труд
50 €
Учество без труд
30 €

50% попуст за партнерските организации на БАС ИМ и БАС, како и за студенти на втор или трет циклус студии.


Котизацијата ги опфаќа трошоците за организација, материјали и електронски зборник. Патните трошоци и сместувањето се на товар на учесниците.


Трудовите се доставуваат на еден од работните јазици: македонски, српски, хрватски или англиски.


Трудовите се доставуваат на konferencija@bas.edu.mk

Сметки за уплата
Денарска сметка

Назив на примачот: БАС Институт за менаџмент Битола Банка на примачот: Шпаркасе банка Македонија АД Скопје Сметка: 250011000736646

Девизна сметка

BAS Institut za menadzment Bitola IBAN: MK07250011000736646 SWIFT: INSBMK22 Banka: Sparkasse Banka Macedonia AD Skopje

Научен и организациски одбор

НАУЧЕН ОДБОР
  • Претседател: Проф. д-р Цветко Смилевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Заменик претседател: Проф. д-р Гордана Тасевска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Миодраг Ковачевич, Зрењанин, Србија
  • Проф. д-р Жељко Судариќ, Вуковар, Хрватска
  • Проф. д-р Сања Гонгета, Вуковар, Хрватска
  • Проф. д-р Слободан Стојановиќ, Вуковар, Хрватска
  • Проф. д-р Марјан Блажич, Ново Место, Словенија
  • Проф. д-р Живан Живковиќ, Бор, Србија
  • Проф. д-р Слободан Ќамиловиќ, Травник, Босна и Херцеговина
  • Проф. д-р Милан Радосављевиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Маја Анѓелковиќ, Белград, Србија
  • Проф. д-р Хонфи Вид Себестјен, Будимпешта, Унгарија
  • Проф. д-р Марија Гула, Р. Грција
  • Вонр. проф. д-р Шермин Шентуран, Зонгулдак, Турција
  • Проф. д-р Златогор Минчев, Р. Бугарија
  • Проф. д-р Ромина Радоншики, Тирана, Албанија
  • Проф. д-р Мирослава Петревска, Белград, Србија
  • Проф. д-р Лидија Стефановска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Тони Соклевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Војциех Будзиановски, Вроцлав, Полска
  • Проф. д-р Дијана Ивановска Пржо, Р. С. Македонија
  • Виш. пред. д-р Горазд Смилевски, Р. С. Македонија
  • Д-р Уве Кристијан Плачетка, Виена, Австрија
ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР
  • Виш пред. м-р Билјана Галовска, претседател, Битола, Р.С. Македонија
  • Проф. д-р Марија Матотек Анџелич, Зрењанин, Србија
  • Проф. д-р Лидија Стефановска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Гордана Тасевска, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Тони Соклевски, Битола, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Маја Кузмановска, Р. С. Македонија
  • Проф. д-р Дијана Ивановска Пржо, Битола, Р. С. Македонија
  • Виш пред. м-р Иван Ѓорѓиевски, Скопје, Р. С. Македонија
  • Пред. д-р Сузана Пецаковски, Скопје, Р С.Македонија
  • Ана Христовски, МБА, Битола, Р. С. Македонија
  • Андријана Апостолова, МБА, Битола, Р. С. Македонија
  • Божидар Николовски, Спец., Битола, Р. С. Македонија
  • Данче Антич, Спец., Битола, Р С.Македонија

Локација и контакт

Локација на одржување

Конференцијата ќе се одржи во Битола, во просториите на БАС Институтот за менаџмент и Бизнис академијата Смилевски.

Адреса

ул. „Херцег Нови“ бр. 6, Битола, Р. С. Македонија

Официјална е-пошта
konferencija@bas.edu.mk
Телефон

+389 (0)72 252 603

М-р Билјана Галовска - Претседател на Организациски одбор

Интернет страници